Атлетико го плати 127 милиони евра, а тој не сака да игра

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, изјави дека Португалецот Жоао Феликс повеќе не сака да игра за шпанскиот тим.

„Во целата приказна една работа е јасна како ден, Жоао повеќе не сака да игра за Атлетико“, изјави Серезо.

Жоао Феликс во Атлетико Мадрид пристигна во 2019 година од Бенфика, во трансфер вреден 127 милиони евра.

Но, поради лошите односи со тренерот Диего Симеоне, Португалецот минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, а сега се шпекулира дека може да се пресели во Барселона, исто така на едногодишна позајмица бидејќи шпанскиот шампион има проблеми со финансискиот ферплеј и не може да го откупи неговиот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести