Атлетико им се врати на победите и се израмни со Барселона на табелата (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид после два кикса, конечно се вратија на победничките патеки и забележаа тешка победа од 1-0 над Севиља. Победата на “јорганџиите“ е уште позначајна ако се знае дека во последните 20 минути се одбранија со играч помалку.

Со оваа победа, Атлетико Мадрид се израмни со бројот на бодови со Барселона, на делба на третата и четвртата позиција, со по 38 поени.

Единствениот погодок на мечот беше постигнат во 46-тата минута, откако Маркос Љоренте најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и успеа да погоди во мрежата на Дмитровиќ.

- Оглас -

Најнови вести