Ливерпул го гледа Коло Муани како наследник на Мохамед Салах?

Ливерпул покажува сериозен интерес кон францускиот напаѓач Рандал Коло Муани, пренесува „Газета дело спорт“.

Црвените бараат засилување во офанзивата, особено по најавите дека Мохамед Салах ќе го напушти клубот, а дополнителен проблем е и тешката повреда на Уго Екитике, кој би можел да паузира до крајот на годината.

Според италијанскиот медиум, интересот на Ливерпул за Коло Муани, кој моментно настапува како позајмен играч во Тотенхем, значително се зголемил во последните недели. Тоа би можело да ги наруши плановите на Јувентус, кој и понатаму не се откажува од негов ангажман.

Клубот од Торино уште во летото 2025 година се обиде да го доведе, но не постигна договор со Пари Сен Жермен околу трансферната сума. Подоцна, во јануари, повторно се обидоа, но Тотенхем не дозволи предвремен прекин на позајмицата.

„Газета дело спорт“ наведува дека неговата цена во летниот преоден рок би можела да изнесува околу 35 милиони евра. Се споменува и можноста ПСЖ да покаже интерес за Џонатан Дејвид, што отвора простор за потенцијална размена меѓу клубовите.

Коло Муани досега одигра 36 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и четири асистенции. Тој повторно се врати во репрезентацијата на Франција за мартовските пријателски дуели, а повредата на Екитике би можела дополнително да му ги зголеми шансите за место во тимот на Дидие Дешан за претстојното Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести