Атлетико купи нов голман, дали тоа значи дека е време за разделба со Облак?

Атлетико Мадрид го официјализираше трансферот на Иво Грбиќ од Локомотив Загреб за сума од четири милиони евра. Хрватскиот чувар на мрежата потпиша четиригодишен договор со Јорганџиите, по одличната сезона во хрватскиот шампионат која ја остави зад себе.

Трансферот на Грбиќ ги размрда шпекулациите дека Јан Облак наскоро би можел да оствари голем трансфер, но ако се земат предвид сите случувања на „Ванда Метрополитано“ денес, Словенецот не би требало да се грижи за местото меѓу диреците. Атлетико се ослободи од Антонио Адан, вториот голман, кој замина во Спортинг Лисабон кај Стефан Ристовски, што значи дека Грбиќ ќе ја има неговата улога како резерва на Облак.

- Оглас -

Најнови вести