Aтлетико купува дефанзивец кој двапати го победи ракот

Атлетико Мадрид планира да ја активира клаузулата на дефанзивецот на Атлетик Билбао, Јерај Алварес, која изнесува 30 милиони евра. Со него би започнала обновата на дефанзивната линија, откако од претходно е познато дека од Мадрид заминуваат капитенот Диего Годин, Лукас Ернандес, Хуанфран и Филипе Луис.

Дваесет и четиригодишниот Јерај потекнува од фудбалската академија на баскискиот клуб, а пред неколку години се бореше со рак на тестисите. По деветмесечен третман тој го победи ракот, и тоа во два наврати, а сега се наоѓа пред трансфер на кариерата.

По рехабилитацијата, Јерај се врати во првиот тим на Билбао, па од февруари 2018 година тој е редовен во стартниот состав. Оваа сезона настапи на 32 натпревари во Ла Лига, а добрите игри не останаа незабележани.

- Оглас -

Најнови вести