Динамо го доби најголемото хрватско дерби против Хајдук со 2-0, и сега Модрите од Загреб имаат 18 бодови предност пред Белите од Сплит кои се втори на табелата. Динамо и пред мечот ја имаше обезбедено титулата, немаше преголема тензија на теренот, но на трибините беше жешко и тоа буквално.
Во еден момент, почна да гори големото знаме на Бед Блу Бојс под трибината на која се најверните фанови на Динамо.
Има информација дека знамето го запалила гостинската Торцида со „диверзантска акција“. Кога почнаа да гори знамето, Торцида беше спремна и на трибината на која беа сплиќаните се појавија транспаренти со кои тие индиректно признаа дека го запалиле.
„Чадевте на минатото дерби, но сега горите. Повторно имате материјал за галеријата“, тие исто така порачаа: „Додека вие палите огнови, ние го гориме Максимир“.
Со оваа се зголемија сомнежите дека тие го запалиле знамето на ривалите, а не дека БББ сами си го запалиле со факели како што првично се мислеше.
Има теорија дека Торцида имала свои членови преправени како обезбедувачи и фотографи во подножјето на северната трибина и тие го запалиле.

