Тежок пад и скршеница на Марк Маркес, светскиот првак ќе биде опериран (Видео)

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркес падна од својот мотоцикл попладнево за време на спринт трката од Мото ГП шампионатот што се одржа во Ле Ман. Во претпоследниот круг, осумкратниот светски шампион ја изгуби контролата врз своето Дукати и претрпе повреда, скршеница на петтата метатарзална коска на малиот прст на десната нога, поради што ќе ја пропушти главната трка утре, како и следната трка во Каталонија, а деновиве ќе оди на операција во Мадрид.

Оваа пауза претставува огромен удар врз неговите шанси за титулата во 2026 година.

Иако Маркез успеа сам да стане, снимките на кои се гледа како куца и се гримасира од болка додека ја напушта патеката предизвикаа голема загриженост во падокот и кај навивачите. 

- Оглас -

Најнови вести