Празно реми меѓу Сандерленд и Јунајтед, триумфи за Брајтон и за Борнмут (Видео)

Фудбалерите на Брајтон забележаа убедлива победа од 3-0 против Вулверхемптон на „Амекс“, во натпревар од 36-тото коло во Премиер лигата, прикажувајќи доминантна игра уште од самиот почеток.

Екипата на Фабијан Хурцелер практично го реши мечот во првите минути. По само 36 секунди, Џек Хиншелвуд со удар со глава по нафрлена топка го отвори резултатот и најави тежок пораз за гостите.

Само неколку минути подоцна, во петтата минута, Брајтон веќе водеше со 2-0. Луис Данк исто така со глава ја претвори асистенцијата на Максим Де Кујпер во гол, кој повторно се покажа како клучен во организацијата на нападите. Вулвс немаа одговор на темпото и контролата на домаќините, кои со овој ритам изгледаа сигурни за нов настап во Европа следната сезона.

Конечните 3-0 ги постави Јанкуба Минте во 86-та минута, заокружувајќи целосно доминантна партија и носејќи му на Брајтон 53 бода и седма позиција на табелата.

Во борбата за местата во Европа, Борнмут остана блиску зад нив, со два бода заостанување, откако славеше минимално со 0-1 на гостувањето кај Фулам на „Крејвен Котиџ“ во хаотичен натпревар полн со исклучувања.

Рајан Кристи беше исклучен во 41-та минута, а во судиското продолжение на првото полувреме црвен картон доби и Јоаким Андерсен. Решавачкиот момент дојде во 53-та минута, кога Рајан со малку среќа ја затресе мрежата на Бернд Лено и му донесе три бода на Борнмут.

На „Стадионот на светлината“, Сандерленд и Манчестер јунајтед одиграа без голови, во натпревар кој немаше големо резултатско значење и за двата тима, па ремито беше најреален исход.

- Оглас -

Најнови вести