Атлетико Мадрид дели лекции за тоа како се станува првак

Атлетико Мадрид со 2:0 ја победи Севилја во заостанат меч од шпанското првенство. Јорганџиите постигнаа по еден гол во двете полувремиња и тоа беше доволно за да ја продолжат победничката низа, а со тоа и да се зацврстат на врвот на табелата.

Анхел Кореа во 17-тата минута погоди за водство на домаќините, а триумфот го потврди Саул со гол во 76-тата минута. Атлетико на овој меч уште еднаш потврди дека најголемата сила на екипата е во одличната одбрана. Иако Севилја важи за одличен напаѓачки состав, гостите беа немоќни да го срушат бедемот пред домашната одбрана.

По 16 одиграни кола, Атлетико има 13 победи и досега само шест примени гола, потврдувајќи дека со одлична одбрана се стигнува до титула. Мадриѓаните имаат четири бода пред градскиот ривал Реал, но и два бода плус за доигрување.

- Оглас -

Најнови вести