Атлетико Мадрид е блиску до потписот на Бернардо Силва

По заминувањето од Манчестер сити, Бернардо Силва веќе е една од најбараните ѕвезди на летниот трансфер-пазар, а најсериозен интерес за неговиот потпис во моментов покажува Атлетико Мадрид.

Португалецот официјално ќе го напушти „Етихад“ како слободен играч, ставајќи крај на една блескава ера во дресот на Граѓаните. Иако неговото име се поврзуваше со Јувентус и Барселона, шпанските медиуми тврдат дека Атлетико е најблиску до ангажман на искусниот офанзивен играч за врска.

Клубот од Мадрид подготвува сериозна реконструкција по сезоната во која остана без трофеј, иако успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Токму поради тоа, спортскиот директор Матеу Алемани веќе работи на засилувања што би донеле дополнителен квалитет во тимот на Диего Симеоне.

Според информациите, од Атлетико веќе имале позитивни разговори со 31-годишниот Бернардо Силва, кој сериозно ја разгледува можноста кариерата да ја продолжи на „Метрополитано“.

Јувентус исто така сака да го доведе Португалецот, но засега Италијанците заостануваат во трката, додека Барселона моментално не покажува конкретни чекори.

- Оглас -

Најнови вести