Атлетико Мадрид е подготвен да ги продаде Лоди и Караско, цената е изгор

Атлетико Мадрид е подгогвен да ги продаде двата важни играчи, Ренан Лоди и Јаник Караско, но сумата што ја бара е висока.

За Бразилецот Лоди цената е 40 милиони евра, но за неа и може да се преговара, додека за белгискиот репрезентативец Караско, Атлетико бара ни помалку, ни повеќе туку 70 милиони евра, колку што е предвидената отштета со договорот.

Лоди кој има 24 години и игра на позицијата лев бек пристигна во Атлетико во 2019 година од бразилски Атлетико Паранаенсе и има договор до 2025 година, па веројатно и затоа сумата е висока.

Караско има 28 години, игра како десно крило, а неговата приказна е интересна. Беше член на Јорганџиите од 2015 до 2018 година, па го продадоа во Кина, во Далиен, а потоа се врати како позајмен играч на Атлетико и пред две години, повторно со откупен договор од Кинезите стана член на гигантот од Мадрид.

Објавено е дека Њукасл е заинтересиран во пакет да ги купи Лоди и Караско, но не се знае точно колку изнесува понудата наклубот што има богати газди од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести