Атлетико Мадрид ја одреди цената за Феликс, но Барселона има поинаков план

Атлетико Мадрид ја одреди цената за напаѓачот Жоао Феликс, кој сезонава настапува како позајмен играч во Барселона, и таа не ѝ се допаѓа на управата на каталонскиот тим.

Новинарот Тони Хуанмарти денеска објави дека челниците на Атлетико Мадрид им порачале на колегите од Барселона дека ќе можат да го откупат Португалецот за 80 милиони евра.

Но, според новинарот, оваа сума е преголема за Барселона и поради тоа челниците на каталонскиот тим имаат поинаков план, ќе се обидат да издејствуваат нова едногодишна позајмица за сезоната 2024/25 со задолжителен откуп за 40 милиони евра.

Жоао Феликс, кој во Барселона пристигна на последниот ден од летниот преоден рок, на осум меча за шпанскиот шампион постигна три гола и има три асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести