Атлетико Мадрид ја стигна Барселона на табелата, Севиља заборави да победува (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид пред на „Метрополитано“ со 2:0 ја совладаа Валенсија и на најдобар начин го искористија вчерашниот пораз на Барселона за да се израмнат со каталонскиот тим по бројот на освоени бодови во Ла Лига.

И двата тима имаат по 44 бода, 11 помалку од лидерот Реал Мадрид, а десет помалку од хитот Жирона која е втора.

Јорганџиите поведоа со голот на Лино во последните моменти од првото полувреме, а победата ја завери Мемфис Депај со голот во 57-та минута.

Севиља продолжува со катастрофалните игри сезонава и пред своите гледачи одигра 1:1 против Осасуна.

Ова е осми натпревар на Севиља на својот „Рамон Санчес Пицхуан“ на кој не успева да слави во Ла Лига, ремизирајќи петпати, додека трипати загуби.

Севиља поведе со голот на Ромеро во 24-та минута, а Осасуна до бод дојде во 55-та минута кога Будимир израмни на 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

- Оглас -

Најнови вести