Атлетико Мадрид на чуден начин беше „казнет“ од своите навивачи

Атлетико Мадрид конечно, дури во шестиот меч против Жирона успеа да победи. Мадридскиот тим на свој терен славеше со 2-0, и тоа благодарение на погодоците постигнати во второто полувреме. Жирона досега беше како кошмар за Атлетико и никогаш немаше загубено, а само пред три месеци го елиминираше и од Купот на Шпанија.

Сепак, синоќа Атлетико се радуваше. Освен двата погодоци, дуелот на „Ванда Метрополитано“ го одбележа и бојкотот на домашните фанови. Најверните навивачи на Атлетико решија да не навиваат во првото полувреме поради тоа што играчите не дошле да ги поздрават по поразот од 3-0 од Јувентус во Торино, кога мадридскиот клуб беше елиминиран од Лигата на шампионите.

Трибината каде што седат најверните фанови на Атлетико остана целосно празна во првите 12 минути, а дури потоа „1-виот играч“ на домашниот тим се појави на своето место, но немаше навивање во првите 45 минути. Дури во вториот дел се слушна песна од домашните фанови, а Атлетико ги награди со два гола.

Со оваа победа, „јорганџиите“ останаа на второто место во Шпанија, со осум бода помалку од лидерот Барселона.

- Оглас -

Најнови вести