Атлетико му нуди спас на Ракитиќ

Кошмарот на Иван Ракитиќ во Барселона може да заврши наскоро. Хрватската ѕвезда бара излез од редовите на шпанскиот првак бидејќи го загуби местото во првиот тим, а спасот може да го најде во Мадрид.

Атлетико наводно подготвува понуда од 40 милиони евра за Ракитиќ, сума која за Барса би била прифатлива и би дозволила да се оствари оваа преселба. Понудата ќе биде испратена веднаш по стартот на зимскиот преоден рок, што значи дека Ракитиќ во Новата година ќе влезе со нов клуб.

Хрватот досега се трудеше да му докаже на тренерот Валверде дека заслужил поголема минутажа и доверба, меѓутоа стратегот на Каталонците не верува во неговите услуги од тактички причини.

- Оглас -

Најнови вести