Атлетико не го дава второто место (Видео)

Атлетико Мадрид го разби Алавес со 4-0 во меч кој е дерби на колото во шпанската лига ако се гледа само изгледот на табелата, бидејќи и баскијците се борат за место во ЛШ или Лига на Европа.

Гол серијата ја отвори Саул Њигес за кого ова е трети гол во последните пет настапи, а претходно тој даде три гола на цели 58 меча. Потоа погодија и Диего Коста и Алваро Мората, а најубавиот гол беше дело на Томас Парти во 84 минута за конечни 4-0.

Атлетико досега немаше дадено повеќе од еден гол на прволигашките гостувања на стадионот во Виторија. Јан Облак по 200-ти пат стоеше на голот на „јорганџиите“. Антоан Гриезман на седум средби по ред (од 16 февруари наваму) нема дадено гол за Атлетико. Алавес на пет меча по ред нема гол против Атлетико.

Ова е голот на Парти:

https://www.youtube.com/watch?v=o14VxnaI1K8

- Оглас -

Најнови вести