Атлетико не смее да пропушти ваква шанса

1307 Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад (22ч)

Киксот на Барселона значи дека Атлетико со евентуален триумф вечерва ќе избега на четири бода на врвот. Доколку Сосиедад падне во Мадрид, Јорганџиите ќе бидат на чекор до титулата, што значи дека не смее да се пропушти оваа шанса.

Гостите од Баскија од 2013 година го немаат победено Атлетико на гости, а во последните пет гостувања загубија четири пати и дадоа само два гола. Атлетико има само еден пораз на домашен терен сезонава, што е доказ дека избраниците на Симеоне знаат како да го сочуваат својот дом.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.22)

 

1003 Челзи – Арсенал (21:15ч)

Челзи загуби само еднаш во Премиер лигата откако Тухел ја презеде клупата, и тоа беше шокиран од ВБА дома со 2-5. Овојпат нема да има такво изненадување бидејќи традицијата е во корист на Сините, која гласи дека Арсенал не знае за триумф на „Стемфорд бриџ“ од ноември 2011 година.

Треба да се случи чудо за Арсенал да стигне до едно од местата кои водат во Европа, што значи дека тимот на Артета во овој дуел ќе игра за престиж. Во последните пет меѓусебни дуели ГГ3+ е редовно добитен тип, па нема да биде изненадување доколку и вечерва се повтори учинокот.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.60)

 

3005 Интер – Рома (20:45ч)

Интер си го обезбеди Скудетото, но тоа не значи дека вечерва ќе ги препушти бодовите на Рома. Гостите од Рим во Градот на Модата доаѓаат осакатени дури без 12-мина играчи, од кои голем дел се првотимци, што значи дека мисијата да се победи на „Меаца“ е речиси невозможна.

Рома има само една победа во последните пет кола, но одржува добар учинок и е без пораз во последните четири гостувања кај Интер. Би требало да се игра порастоварено, што навестува ефикасен меч.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.96)

 

3008 Сасуоло – Јувентус (20:45ч)

Јувентус до крајот мора да победува, но не зависи само од Бјанконерите дали ќе се пласираат во Лигата на шампионите. Гостувањата кај Сасуоло секогаш се незгодни, но Јуве последен пат на „Мапеј“ загуби во 2015 година, а славеше во три од од последните пет.

Голови нема да недостасуваат, тимот на Пирло ќе се потрпе на нападот предводен од Кристијано Роналдо, што им остава простор на домаќините и тие да постигнат барем еден гол.

Предлог тип: X2 & 3+ (1.88)

 

1801 Шалке 04 – Херта Берлин (18ч)

Сезоната заврши за првотимците на Шалке бидејќи клубот веќе си ја дозна судбината и како последен од Бундеслигата испадна во втората лига. И гостите од Берлин ќе играат без половина екипа во овој меч, но потребен им е триумф за да го осигурат опстанокот.

Херта има две лигашки победи над Шалке во последните пет меѓусебни дуели, но ретко кога слават на „Велтинс арената“, па време е да се прекине тригодишниот пост без гостински триумф, со оглед на тоа дека Шалке е во катастрофална форма и повеќе нема за што да игра.

Предлог тип: 2 (1.47)

- Оглас -

Најнови вести