Атлетико по речиси 11 години, конечно ја победи Барселона во Примера

Атлетико Мадрид ја победи Барселона минимално со 1:0 и прекина една неверојатно лоша традиција за мадридскиот тим. За Јорганџиите ова е прва победа во првенството против каталонскиот гигант по пауза од речиси 11 години.

Атлетико ја немаше победено Барселона во лигашки дуел од февруари 2010 година кога беше 2:1 во Мадрид. Од тој меч, овие два тима во првенството имаа одиграно 20 натпревари во кои каталонците се радуваа на 14 победи, а шест средби завршија нерешено.

Ова е и прва победа на Диего Симеоне во дуелите со Барса. Стратегот на Атлетико имаше 11 порази и само шест нерешени против овој ривал во Примера, откако е на клупата на Атлетико.

Дуелот на „Ванда Метрополитано“ го реши еден кикс на гостинскиот голман. Марк Андре тер Штеген се обиде да прекине напад на домаќините и истрча на 35 метри од својот гол, а тоа се покажа како кобно. Наместо да ја исфрли топката, Тер Штеген излета во празно затоа што Јаник Караско стигна пред него, а потоа играчот на Атлетико лесно ја погоди празната мрежа на гостинскиот гол. Тој погодок може да го погледнете ТУКА.

Во вториот дел Атлетико со својата препознатлива одбрана успеа да ја сочува предноста и стигна до трите бода. За Атлетико ова е шеста победа во осмиот меч и сега има 20 бода исто колку што има и лидерот Реал Сосиедад.

 

- Оглас -

Најнови вести