Тер Штеген сакаше да го глуми Нојер и на Атлетико му подари гол (Видео)

Атлетико Мадрид води со 1:0 на полувремето против Барселона во дербито од Примера дивисион. Најзаслужен за ова водство на Јорганџиите е голманот на гостите.

Марк Андре тер Штеген имаше непромислен потег кога реши да истрча на 35 метри од голот во обид да стигне една топка. Сепак, побрз од голманот на Барселона беше Јаник Караско кој елегантно ја протна топката низ нозете на германскиот голман, а потоа од далечина без проблем погоди во празната мрежа.

https://youtu.be/t7BC2Zd2gVs

- Оглас -

Најнови вести