Атлетико прими гол каков што немало 18 години во Шпанија, но пак победи!

Атлетико Мадрид направи уште еден чекор кон титулата во Шпанија, иако е уште рано да се мисли за титула, но со играта во досегашниот дел од сезоната, Јорганџиите покажаа дека се зрели за трофејот. На гостувањето кај Еибар, Атлетико победи со 2:1, иако домаќините први погодија.

Еибар поведе со погодокот на голманот Марко Дмитровиќ од пенал. Српскиот интернационалец реши да го изведе пеналот и беше прецизен. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Во Шпанија безмалку 10 години немаше погодок на голман во Примера. Последен голман што дал гол е Дани Аранзубија од Депортиво, кој погоди кај Алмерија во февруари 2011 година. Од пенал, последен голман што погодил во Шпанија е Начо Гонзалес од Лас Палмас уште од март 2003 година.

Атлетико беше во негатива, но тоа не ги збуни гостите. Луис Суарес погоди во 40-тата минута за 1:1, а истиот играч беше прецизен и од пенал во 89-тата минута за комплетен пресврт. Атлетико Мадрид со оваа победа стигна до 44 бода, дури седум повеќе од вториот Реал Мадрид. Јорганџиите имаат и меч помалку, што значи дека разликата може да биде и двоцифрена.

 

- Оглас -

Најнови вести