Атлетико сака еден сегашен и еден поранешен играч на Наполи

Како што се приближува крајот на сезоната, така сè почести се шпекулациите за неколку транфер-бомби кои би можеле да се случат ова лето. Во исчекувањето нови „тектонски“ промени во фудбалот, во голем дел од нив може да учествува Атлетико Мадрид.

Од следната сезона ќе гледаме некој нов Атлетико. Ќе го нема капитенот Диего Годин, кој е пред преселба во Интер, додека Лукас Ернандес веќе се договори со Баерн Минхен, а Баварците за него потрошија 80 милиони евра. Но, германскиот гигант нема да застане таму, сега го посакуваат Антоан Гриезман, па од страв дека Симеоне може да остане без најдобриот фудбалер во своите редови, веднаш се фати за работа да бара негова замена.

Желбата на „Чоло“ е Лоренцо Инсиње, капитенот на Наполи. Иако самиот фудбалер истакна дека нема намера да го напушти Неапол, газдата на клубот Aурелио dе Лаурентис би можелo да прифати понуда за него од 100 милиони евра. Наводно, Атлетико се обидува да започне преговори со почетна сума од 80 милиони евра, а оваа трансфер-сага допрва ќе се развива.

Сепак, тоа не е единствената цел на Симеоне. Тој „фрли око“ и на искусниот голгетер на ПСЖ, Единсон Кавани, поранешниот член на Наполи. Уругваецот е отворен кон преселба во нова средина, а „светците“ би можеле да го продадат за сума од околу 50 милиони евра. Кавани би бил решение за проблематичниот Диего Коста, па нема да биде изненадување ако Атлетико има ново опасно дуо во нападот.

Нема сомнежи дека нè очекува ново бурно лето на трансфер-пазарот, а за овие предвидувања нема уште многу да чекаме дали воошто ќе се остварат.

- Оглас -

Најнови вести