Атлетико Мадрид има само десет здрави играчи на располагање, а од нив еден е голманот Облак, па имаат среќа што испаднаа од купот и не мора да играат деновиве бидејќи ќе мораа да користат некој младинец. Наредниот меч на Атлетико е в сабота, против Хетафе, а тренерот Симеоне ќе има проблем околу составување на екипа.
Во екипата се принудени на тренинзите на првиот тим да ги викаат и играчите од младинските категории, како и Желсон и Калиниќ, кои се очекува да си одат од клубот за да направат место за Мората. На повредените Филипе Луис, Савиќ, Диего Коста, Витоло и Саул сега им се приклучи и Коке. За мечот со Хетафе, можно е само Саул да се појави, другите сигурно се аут.
Некомплетен е и Реал Мадрид, но таму ситуацијата почнува да се подобрува. Со нормални тренинзи почнаа Крос, Љоренте и Маријано, Васкес се враќа по суспензијата, а и Бензема нема да биде опериран по скршеницата на прстот на раката. Реал во четврток игра со Жирона во купот, па надвор од комбинација се само Кејлор Навас, Бејл, Асенсио и Валјехо.