Атлетико се врати на „Метрополитано“ и веднаш им се врати на победите (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа со убедливи 5:0 против Лас Палмас во мечот од 25-тото коло во Ла Лига и се израмнија со Барселона на третото место на табелата.

Јорганџиите во претходните две кола играа на гости, против Реал Мадрид (1:1) и против Севиља (1:0) освојувајќи само еден бод, но со враќањето на својот „Метрополитано“ стадион, се вратија и победите.

 

Маркос Љоренте со два гола за само пет минути, во 15-тата и во 20-тата минута му донесе водство на својот тим од 2:0, резултат со кој заврши првото полувреме.

 

Во второто полувреме на сцена стапи Анхел Кореа кој даде два гола за својот тим, прво во 47-та минута погоди за 3:0, а 15 минути подоцна погоди за 4:0.

Конечниот резултат го постави Мемфис Депај во 87-та минута.

- Оглас -

Најнови вести