Атлетико шест години е во очај кога се работи за дуелите со Реал Мадрид

Атлетико Мадрид како лидер го пречекува градскиот ривал Реал во дербито на шпанското првенство. Ова е меч на кој двата тима треба да покажат дали имаат шампионски амбиции, а Реал е во полоша ситуација затоа што со евентуален пораз ќе има дури осум бода зад денешниот ривал, кој има и меч помалку.

За Атлетико Мадрид ова дерби доаѓа во лош момент. Тимот на Диего Симеоне има само една победа во последните четири средби и е најлоша серија сезонава за Јорганџиите. На домашен терен, Атлетико не победи три меча, па има порази од Леванте 0:2 и Челзи во ЛШ 0:1, како и реми со Селта Виго (2:2).

Одбраната која беше главен адут на Атлетико, сега е несигурна, па во последните девет дуели прими 11 гола. И традицијата не е на страната на домаќините. Атлетико нема победа над Реал на свој терен во првенството повеќе од шест години. Последен пат се израдуваа во февруари 2015 година кога победија со 4:0, а потоа следуваа три нерешени дуели и два порази.

Симеоне ќе игра со засилен среден ред во формација 3-5-2, а во нападот за голови ќе бидат задолжени Суарес и Феликс.

Реал полека ја темпира формата за најважниот дел од сезоната, па Кралевите наредија три победи по ред на гости во Примера. Тренерот Зинедин Зидан секогаш знаел правилно да ги мотивира играчите за најважните средби, па без разлика што ќе игра без капитенот Рамос, а ќе фалат и Азар и Карвахал, Кралевите најавуваат офанзивна формација 4-3-3.

 

- Оглас -

Најнови вести