Атлетико загуби многу повеќе од три бода во ремито против Валенсија

На Диего Симеоне му врие под нозе, тоа е јасно. Неговиот Атлетико и трет првенствен меч во низа ремизира, а во денешното дебри против Валенсија Јорганџиите загубија многу повеќе од три бода.

Во последните десетина минути од мечот, непосредно пред израмнувачкиот погодок на Лилјаците, со повреда на скочниот зглоб од десната нога се здоби младата ѕвезда Жоао Феликс. Првите информации од клубот се дека Феликс има голема болка, а деталните тестови ќе покажат колку време Португалецот ќе биде „во аут“.

Виновник за повредата на Феликс може да се назначи токму стрелецот на Валенсија за 1-1, капитенот Дани Парехо, кој влезе во дуел со играчот на Атлетико само неколку моменти пред да ја затресе мрежата на Облак од слободен удар.

Феликс сега ќе биде во трка со времето да се подготви до вторник за дуелот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести