„Атомската мравка“ ќе му биде соиграч на Пандев во Џенова

Клубот Џенова, чиј член е и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, е во напредна фаза преговори со некогашниот талент на Јувентус и италијанскиот фудбал, Себастијан Џовинко. Грифоните сакаат да го вратат плејмејкерот во Серија, тврдат некои медиуми на Апенинскиот Полуостров.

Не е тајна дека и 33-годишниот Џовинко има желба да се врати во родната земја. Тој откако ја напушти Италија, заигра за ФК Торонто во 2015 година, а за последен клуб му беше саудиски Ал-Хилал.

Договорот на Атомската мравка со клубот од Саудиска Арабија му е до јуни 2021 година, но Италијанците тврдат дека до трансфер лесно може да дојде бидејќи тој би прифатил и многу помала плата, само да игра во Серија А. Интерес за него има и од Парма, но нискиот фудбалер е најблиску до дресот на Џенова. Пандев ќе ја игра последната сезона во кариерата, па во Џенова бараат некој друг искусен играч кој може да им помогне.

- Оглас -

Најнови вести