Атомската мравка наскоро ќе заигра и на четврти континент

Себастијан Џовинко се прослави во дресот на Јувентус, но не успеа да се избори за стандардно место во тимот, па затоа реши да си замине и тоа во Торонто. По три години поминати во Канада, минатата година се пресели во тимот на Ал Хилал.

Џовинко играше во добра форма, па затоа се зборуваше дека наскоро може да се врати во Серија А. Неговото име се поврзуваше со тимот на Парма, но тоа не се случи. За популарната Атомска мравка се заинтересира и еден познат клуб од Бразил.

Екипата на Васко де Гама се надева дека по завршување на пандемијата со Коронавирусот, ќе успее да го доведе Џовинко, а трансферот треба да изнесува шест милиони евра. Доколку тоа се случи, Џовинко ќе заигра на четврти континент, ако се знае дека досега има играно во Европа, Северна Америка и Азија.

- Оглас -

Најнови вести