Атрактивната сопруга на Рамос ги изненади сите со одговорот колку пати неделно водат љубов

Поранешната шпанска манекенка и актуелна новинарка Пилар Рубио, која е сопруга на дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос, ѝ откри на јавноста детали од приватниот и интимниот живот.

Таа гостувајќи во емисијата „Ла Ресистенсија“ кај контроверзниот шпански новинар Давид Бронкан, кој во еден момент ја запраша Пилар колку пати неделно води љубов со сопругот.

Атрактивната Пилар ги изненади сите со својот одговор.
„Секој ден, понекогаш и по неколку пати дневно. Нормално, кога не сум во Мадрид на снимање на емисијата“, изјави Пилар Рубио.

Од одговорот беше изненаден и самиот новинар.
„Па, не чуди што имате четири деца“, рече Бронкан.

Сопругата на Рамос во емисијата откри дека на својата банкарска сметка има само 52.000 евра.

Рамос и Пилар Рубио се забавуваат од 2012 година, а во брак се од 2019 година и имаат четири деца, Алехандро Рамос Рубио, Марко Рамос Рубио, Серхио Рамос Рубио и Максимо Адријано Рамос Рубио.

- Оглас -

Најнови вести