Атрактивната трка во Баку останува во Ф1 календарот до 2023

Трката за Големата награда на Азербејџан која се вози по улиците на Баку веднаш стана една од омилените на пилотите кои се тркаат во Формула 1, а и на навивачите кои гледаат во живо или на телевизија, па оваа трка ќе остане во календарот најмалку до 2023 година.

Договорот за продолжување на соработката го потпишаа министерот за спорт и млади на Азербејџан, Азад Рахимов, и извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери.

Ова е прв потпис во 2019 година, а лани и преклани беше продолжена соработката и со организаторите на трките во Белгија, Кина, Германија, Јапонија и Сингапур. Од 2020 година новина ќе биде трка за Големата награда на Виетнам.

Баку е домаќин на трките на Ф1 од 2017 година, патеката минува и низ стариот дел на градот, кој е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Трката низ улиците на Баку ќе се вози на 28-ми април, а лани таму победи светскиот првак Луис Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести