Атрактивната Ванда е и суперменаџер, Икарди ќе добие двојно поголема плата

Ванда Нара успеала да договори трансфер на својот сопруг Мауро Икарди од Интер во Пари Сен Жермен, а сега се чека само потврда на оваа вест. Според влијателниот италијански новинар Николо Схира, спортскиот директор на ПСЖ ги прифатил барањата на Ванда за Икарди да добие четиригодишен договор со францускиот првак со кои ќе треба да заработи 40 милиони евра.

Икарди сезонава го носеше дресот на ПСЖ, и тоа како позајмен играч од Интер. Според договорот кој го има со Интер, Аргентинецот годишно заработува 5,7 милиони евра, што значи дека ако ПСЖ го откупи неговиот договор, платата ќе му се зголеми речиси двојно.

Интер моментно бара 60 милиони евра за договорот на Икарди, а Светците од Париз нудат 55 милиони евра плус бонуси, што всушност значи дека се многу блиску до договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести