Аца Лукас ќе го спасува Динамо Врање од испаѓање

Еден од најпознатите пејачи во Србија, Аца Лукас, повторно ќе биде дел од тамошниот фудбал. Фолкерот ќе биде потпретседател во Динамо од Врање. За Лукас тоа ќе биде четврти фудбалски клуб во којшто работел. Претходно бил дел и од Тимок, Бежанија и Црвена ѕвезда, каде што беше член на Собранието.

Лукас доаѓа во Динамо на покана на претседателот на клубот, а воедно и тренер Драган Антиќ, познат како Рецко. Популарниот Рецко е суспендиран 15 месеци од фудбалот, а со оглед на тоа дека Лукас е новиот потпретседател на клубот, тоа значи дека пејачот ќе го има и главниот збор.

Динамо моментно е на последното место во првенството на Србија и мора да направи драстични промени ако сака да се спаси од испаѓање бидејќи досега има освоено само 10 бодови во 21 одигран меч. Во зимскиот преоден рок најавено е доведување на пет-шест нови играчи кои треба да го засилат тимот и да се обидат да обезбедат опстанок во елитата.

Како помошник-тренер во екипата на Динамо Врање од неодамна работи и некогашниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски.

- Оглас -

Најнови вести