Ау, каква статива: Чекаше добитна квота од 23.066, но тогаш…

Храбар тикет уплатен на само 20 денари за малку не израдува еден обложувач од Битола на кого „му избегаа“ дури 461.320 денари. На ливчето има само пет меча и сите се со високи коефициенти преку шест.

Белгија ја победи Полска убедливо со 6:1, но на полувреме беше 1:1, па добра беше прогнозата која носеше коефициент 9. Слична тактика имаше и на Велс – Холандија, но тука комбинацијата е погодена на драматичен начин. На полувреме беше 0:0, а во вториот дел Холандија поведе со 1:0, што беше резултат до 93 минута. Тогаш домаќините израмнија на 1:1, а во следниот напад Лалињата погодија за 2:1 за да биде „двојка“, но и да има барем три погодоци.

Мечот Република Ирска – Украина е погоден на полувреме и на крај. По 45 минути беше 0:0, а Украина во вториот дел погоди за минимален триумф од 1:0 и погодена квота од 6.75.

Освен трите репрезентативни дуели, имаше и два меча од клупски план. Во Алжир, УСМ Алгер го победи Белоуиздад со 2:0, благодарение на двата погодоци во второто полувреме и погодена квота од 6.25.

Да не биде перфектен тикетот „се погрижи“ вториот меч од алжирското првенство. Ел Сетиф и Парадоу на полувреме играа 0:0 за погоден „икс“ по првите 45 минути, но потоа кога домаќините кои беа фаворити требаше да нападнат и да победат, се случи изненадување, па гостите славеа со 1:0 и тикетот, кој имаше вкупен коефициент од 23.066 за малку не беше добитен.

Утешна сатисфакција за овој обложувач ќе бидат ваучерите кои се добиваат во Sport Life за еден промашен дуел на тикет уплатен со СЛ картичка.

- Оглас -

Најнови вести