Аугсбург му го расипа јубилејот на Милер, за победа над Баерн вреди да се чека и 7 години (Видео)

Аугсбург извојува сензационална победа над големиот Баерн Минхен со 2-1 во баварското дерби на Бундеслигата. И покрај поразот, Баерн останува лидер на табелата и после ова коло, но им дава шанса на ривалите да му се доближат.

За Баерн кој вечерва имаше 70 отсто посед на топка, ова е втор пораз сезонава, и двата беа на територија на покраината Баварија (загубија и во Минхен од Ајнтрахт). Томас Милер го одигра својот 600-ти меч во дресот на Баерн, но овој прекрасен јубилеј нема да го памети по добро.

Аугсбург од 2014 година немаше победа против најтрофејниот германски првак.

Ова е голот на Андре Хан кој го најави киксот на Баерн:

https://twitter.com/i/status/1461789915327479810

- Оглас -

Најнови вести