Борусија ќе го изненади Лајпциг во Менхенгладбах

Аугсбург – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Очекувам Аугсбург да постигне најмалку два гола против една од најслабите одбрани во Бундеслигата. Штутгарт досега прими дури 61 гол, а по мечот денеска ќе има најмалку уште два во негативниот биланс.

Дури очекувам Аугсбург и да победи и да побегне во помирни води во Бундеслигата. Имаат четири победи на шест меѓусебни дуели со Штутгарт на својата арена во Аугсбург, па денеска може да се типува и на петти триумф.

Предлог тип: Т1 2+ (2.02) Супер тип на Sport Life

 

Баерн – Вердер (Сабота, 15.30 часот)

Што да се каже за серија од 23 меча без пораз на Баерн во дуелите против Вердер. Тоа ја покажува и доминацијата на Баварците, која според мене ќе продолжи и сезонава.

Баерн има еден бод предност пред Борусија Дортмунд и очекувам да ја задржи предноста и повторно да ја освои титулата во Германија.

Секоја чест за Вердер, играат одлично во продолжението од првенството и немаат пораз во 2019 година, но Баерн не пропушта вакви шанси, кога веќе стаса во ситуација да биде лидер.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.71)

 

Мајнц – Фортуна (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц може со победа да стави печат на опстанокот во Бундеслигата и очекувам да го стори тоа денеска против Фортуна.

Мајнц игра многу подобро на домашен терен, отколку на гости и очекувам да слави против тим што сезонава ја исполни целта и обезбеди опстанок. Тука ќе ја искористам малку посигурната варијанта и ќе типувам дека мрежата на Фортуна ќе се тресе најмалку двапати.

Предлог тип: Т1 2+ (1.81)

 

Баер Леверкузен – Нирнберг (Сабота, 15.30 часот)

Тука има голема разлика во квалитет во корист на Баер и очекувам сигурна победа на домаќинот. Тимот од Леверкузен бие битка за Европа, редовно го победува Нирнберг на „Бај арена“ во последно време и е голем фаворит за нови бодови.

Гостите се уште имаат шанси да фатат позиција која гарантира бараж со екипа од Втората лига, но не верувам дека ќе успеат да го изненадат Баер денеска.

Со Хановер се единствените екипи што се уште немаат победа на гостински терен сезонава и мислам дека така ќе остане и по денешното гостување во Леверкузен.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.28)

 

Борусија Менхенгладбах – Лајпциг (Сабота, 18.30 часот)

Лајпциг е фаворит според коефициентите и според позицијата на табелата, но овде очекувам мини-изненадување и победа на домаќинот.

Досега Борусија никогаш не го победила Лајпциг на пет меѓусебни дуели во Бундеслигата, но сега е време за прв триумф. Бодовите им се поважни на домаќините во трка се со Ајнтрајхт за четвртото место кое обезбедува настап во Лигата на шампионите и верувам дека ќе успеат да победат.

Предлог тип: 1 (2.90)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести