Авантурата на Гасол во Портланд му беше кратка и заборавна, но доби топ понуда

Пау Гасол и Портланд се разделија без Шпанецот да запише минутажа за новиот клуб. Франшизата пред почетокот на сезоната ризикуваше кога го ангажира на минимален ветерански договор иако Гасол се справуваше со тешка повреда на стопалото. Знаејќи дека е веќе во повозрасни години, закрепнувањето трае подолго од обично, па разделбата беше логичен потег, а воедно Портланд му понуди да остане во клубот и да врши функција надвор од паркетот.

Но, искусниот центар доби уште попримамлива понуда со која би останал активен кошаркар и на 39 години. Наводно, Барселона планира да го доведе својот поранешен играч со цел да го засили тимот и да си ги зголеми шансите за освојување на титулата во Евролигата. Каталонците претходно летово го ангажираа Никола Миротиќ од НБА-лигата, а сега Гасол би можело да биде второ големо засилување од најатрактивната кошаркарска лига.

Составот на Светислав Пешиќ моментално е најдобар во Евролигата со седум победи по девет натпревари, а вчера на своја кожа тоа го почуствува Фенербахче. Турскиот гигант во „Блауграна“ загуби со убедливи 89:63, а Барса дефинитивно е меѓу главните фаворити за континенталниот врв.

- Оглас -

Најнови вести