Авиони им летаа над глава, па поставија негативен светски рекорд

Не е потребно долго да се бара која фудбалска репрезентација е најлоша во Европа. Тоа е Сан Марино, селекција која нема ниту една официјална победа во своето постоење, и има серија од дури 100 порази по ред, што е негативен светски рекорд во натпреварувањата на ФИФА. Единствената победа на малата држава која се наоѓа на Апенинскиот полуостров, е на пријателски меч против Лихтенштајн од 1-0, на 28 април 2004 година.

Попладнево Сан Марино загуби со 0-1 од Гибралтар, во меч кој се играше на стадион во близина на аеродром (оддалеченоста е само неколку стотини метри), па во текот на мечот играчите можеа да го слушнат и видат слетувањето и полетувањето на авионите.

За Гибралтар ова е трета победа во историјата, откако во претходната сезона во Лигата на нации ги совлада Ерменија и Лихтенштајн.

 

 

- Оглас -

Најнови вести