Аврамовски постигна деби гол, Сараево е блиску до финалето на купот во БиХ

Даниел Аврамовски го постигна деби голот за Сараево, екипа што од клупата ја предводи Александар Васоски и е многу блиску до пласман во финалето на Купот во Босна и Херцеговина.

Македонскиот репрезентативец погоди во 28-мата минута за 1:0 против Игман, а Сараево победи со 2:0 и има убава предност пред реваншот.

Аврамовски дојде како зимско засилување за босанскиот гигант и денеска успеа да го постигне својот гол првенец за тимот што е препознатлив по бордо бојата на дресовите.

Во второто полуфинале играат Вележ и Тузла, а домаќините на првиот меч во Мостар водат со 3:0 по еден час игра.

 

- Оглас -

Најнови вести