Аврамовски прв до „десетка“, Вардар минимално победи во Велес

Вардар со минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Борец го отвори 20-тото коло во Првата лига на Македонија. Црвено-црните до нови бодови стигнаа благодарение на 10-от овосезонски погодок на Аврамовски во шампионатот, со кој стана единствен играч со двоцифрен учинок.

Аврамовски заби против велешани по нешто повеќе од половина час игра, што беше доволно за тимот на Васоски да ја запише 12-тата победа. Вардар повторно е на 11 бода предност во однос на актуелниот шампион Шкендија, на лидерската позиција стои со 42 бода, додека Борец остана на 20 бода и осмото место.

- Оглас -

Најнови вести