Австралија му ја укина забраната на Новак Ѓоковиќ!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе смее да настапи на првиот гренслем-турнир во 2023 година, Отвореното првенство на Австралија, откако тамошната влада денеска одлучи дека ќе се укине неговата тригодишна забрана за влез во земјата, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Ѓоковиќ во јануари оваа година не доби дозвола за влез во земјата затоа што не беше вакциниран со две дози од корона-вирусот. Повеќе од 10 дена траеше драмата околу тоа дали Ноле ќе смее да влезе во Австралија, а по две судски рочишта, Србинот беше депортиран од земјата и Судот му даде тригодишна забрана.

Денеска таа забрана е поништена и Новак ќе смее да влезе во земјата и да игра на гренслем-турнирот во јануари 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести