Австралија на пенали го елиминираше Узбекистан (Видео)

Репрезентацијата на Австралија дури по подоброто изведување на пеналите успеа да го победи Узбекистан и да се најде во четврт-финалето на Азискиот куп во Катар. Во регуларните 90 минути игра и дополнителните 30 резултатот остана 0-0, па пенал-рулетот решаваше кој да оди на четврт-финален мегдан со Обединетите Арапски Емирати или Киргистан.

Во пенал-серијата, двата тима погодија во првиот обид, а утнаа во вториот. Во третата серија повторно беа прецизни и едните и другите. Во четвртата серија погоди Австралиецот Јану, а Бикмаев не успеа да даде гол за тимот на селекторот Ектор Купер откако голманот Рајан го одбрани шутот. Мет Леки беше човекот кој даде гол во петтата серија и на Австралија ѝ донесе победа од 4-2.

Познати двојки за четврт-финалето се Кина – Иран и Јапонија – Виетнам. Јапонците денеска со 1-0 победија против Саудиска Арабија.

Погленете ги сите пенали од дуелот Австралија – Узбекистан:

https://www.youtube.com/watch?v=dRYHgfOf9LU

- Оглас -

Најнови вести