Австралиската тениска икона го одигра последниот сингл меч во кариерата (Видео)

Саманта Стосур ја заврши тениската кариера во поединечна конкуренција со пораз од 2:6, 2:6 против Анастасија Пављученкова на Австралија опен.

Популарната Сем објави дека веќе нема да игра сингл мечеви на турнирите, а беше испратена со овации од трибините.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1484005709067038723?s=20

Таа е австралиската тениска икона што направи извонредна кариера, во која има вкупно 8 гренслем титули.

Еден пехар освои во поединечна конкуренција со победа на САД опен во 2011 година, четири има во женски двојки и три во мешани парови.

„Направив повеќе од тоа што го сонував во детството. Посакував да победам на гренслем и успеав да освојам 8 титули во сите конкуренции. Не можев да посакам подобра кариера“, изјави Стосур.

Популарната Сем има 37 години и најави дека до крајот на тениската кариера ќе игра само натпревари во двојки.

 

 

- Оглас -

Најнови вести