Австрија и официјално обезбеди пласман на ЕП 2024

Фудбалската репрезентација на Австрија со победата од 1:0 на гостувањето кај Азербејџан си го завери пласманот на Европското првенство кое идната година ќе се игра во Германија.

Австријците по седум меча во групата Ф имаат 16 бода, колку што има и лидерот Белгија, дури десет повеќе од третопласираната Шведска, која до крајот на квалификациите треба да одигра уште три меча, од кои максимално може да освои девет бода.

Австрија во последниот меч од квалификациите за ЕП 2024 идниот месец ќе игра против Естонија.

Голот кој ја однесе Австрија на ЕП го постигnа играчот на Борусија Дортмунд, Марсел Сабицер, во 48-мата минута од пенал.

- Оглас -

Најнови вести