Австрија победи во мечот што сите очекуваа да заврши нерешено

Австрија како второпласирана во групата во која е и Македонија, сигурно ќе игра во осминафиналето на Европското првенство откако во решавачкото трето коло со 1:0 ја победи Украина. Ова беше меч на кои двете селекции можеа да бидат сигурни во следната фаза со нерешен резултат, но Австријците не мислеа да калкулираат.

Баумгартнер погоди во 21-вата минута за предност на Австрија, гол кој на крајот се покажа и како доволен за освојување на трите бода и обезбедување на второто место во групата.

Украинците по овој пораз останаа само со три бода од три меча (победата над Македонија) и сега ќе чекаат разврска во останатите групи, па да дознаат дали ќе бидат меѓу оние третопласирани селекции кои ќе бидат дел од нокаут-фазата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести