Австрија пред ЕП ќе ја користи омилената база на Вардар

Австрија ќе ги почне подготовките за Европското првенство на 27. мај во Бад Тацмансдорф, база која беше омилена на најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Црвено-црните трипати во периодот од 2015 до 2017 година беа на подготовки во прекрасното австриско место, а оттаму тргна и историскиот успех и пласманот во фазата по групи во Европа Лигата.

Сега Австријците одлучија да го тргнат патот кон ЕП од истото место, а 27. мај е означен како датум за прв собир. Интересно е што е најавено дека фудбалерите ќе бидат во своевидна изолација до патото кон Букурешт, каде ќе ја почнат новата авантура на континентален шампионат со меч против Македонија на 13. јуни.

Франко Фода, Германецот во позиција на селектор на Австрија најави комплетна изолација на репрезентацијата, а главниот тест меч пред ЕП ќе им биде против Словачка на 6. јуни.

Австрија по дуелот со Македонија ќе игра и со Холандија на 17. јуни во Амстердам на „Јохан Кројф“ арена, па ќе се вратат во Букурешт за последниот меч во Ц групата, против Украина на 21. јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести