Австријците ќе си седат дома во вистински луксуз, изборот на базата за ЕП им е фантазија (Фото)

Австриската репрезентација одлучи да престојува во домашна база во Зефелд за време на Европското првенство и за дуелите со Македонија и Украина ќе патува од прекрасниот Тирол за Букурешт, односно за Амстердам на мегдан против Холанѓаните.

Изборот на нашиот прв ривал на ЕП е исклучителен, а местото во кое ќе се подготуваат од 8, јуни е како од бајките. Го одбраа хотелот Нидум во подножјето на Тирол и оттаму ќе тргнат за Букурешт за мечот со нас на 13. јуни.

Премиерата е исклучително важна за двете репрезентации, а за Македонија ќе биде историски меч, прв на големите натпреварувања.

Потоа Австрија ќе игра со Холандија во Амстердам на 17. јуни, а последниот меч во Ц групата на ЕП повторно ќе го играат во Букурешт со Украина на 21. јуни.

Селекторот Франко Фода го објави поширокиот список на репрезентативци, а ги има вкупно 30, од кои ќе отпаднат четворица до 1. јуни.

На 2. јуни Австрија ќе го игра првиот контролен меч против Англија во Мидлсбро, а четири дена подоцна претпремиерата за ЕП ќе ја имаат со тест дуел против Словачка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести