Австријците се збунети – Не знаат што му е на играчот што нѐ потопи во Скопје

Австријците се збунети и сè уште немаат точни информации за тежината на повредата на Марко Арнаутовиќ, играчот што со два гола не потопи во Скопје пред две години, кога избраниците на Франко Фода ја победија Македонија со 4:1.

Арнаутовиќ, кој има 32 години и сè уште игра во топ-форма во кинескиот клуб Шангај порт, го повреди бутниот мускул и не се знае дали ќе игра на ЕП.

Австријците чекаат информации од Кина за тежината на повредата на убедливо најдобриот стрелец на националниот тим од повиканите 30-мина играчи од списокот за ЕП што попладнево го објави Франко Фода.

Арнаутовиќ има постигнато 26 погодоци на 87 меча за Австрија и ако не игра на ЕП, ќе биде голем хендикеп за првиот наш ривал.

Македонија и Австрија ќе играат на 13 јуни во премиерата на ЕП за двете селекции во Букурешт од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести