Алаба, Арнаутовиќ, Сабицер…одлични се Австријците – Фода се надмина и објави список од 30 играчи за ЕП (Фото)

Франко Фода, селекторот на Австрија објави поширок список од 30-мина фудбалери за Европското првенство, а од него до крајниот рок, до 1 јуни, што го предвиде УЕФА ќе отпаднат четворица играчи.

Германецот на клупата на австриската репрезентација очекувано на списокот ги стави и тројцата повредени фудбалери, капитенот Баумгартлингер, опасниот стрелец Арнаутовиќ и големиот талент Баумгартнер.

Најпознато име на поширокиот список и сигурен патник за ЕП е Давид Алаба, играчот на Баерн Минхен, кој ќе биде нов член на Реал Мадрид.

 

Австријците ќе играат два подготвителни натпревари пред дуелот со Македонија на 13 јуни во Букурешт. Најпрво ќе патуваат за Англија и на 2 јуни во Мидлсбро ќе играат против Гордиот Албион, а потоа на шести јуни спаринг партнер ќе им биде селекцијата на Словачка.

Против нас ќе го играат премиерниот меч на ЕП на Националната арена во Букурешт на 13 јуни од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести