Австрискиот селектор се чуди зошто против Италија треба да играат во Лондон

Селекторот на репрезентацијата на Австрија, Франко Фода, не е задоволен што неговиот тим во осминафиналето на ЕП треба да игра во британската престолнина Лондон. Во Англија, корона-вирусот повторно се шири и некои луѓе не сакаат да ризикуваат да заминат таму, а покрај тоа, фановите од Австрија и Италија треба да бидат во карантин, што го прави невозможно нивното присуство на трибините на „Вембли“.

„Нема поента во играњето против Италија во Лондон. Здравјето треба да биде на прво место, жално е ако на стадионот нема наши и италијански навивачи. УЕФА треба да размисли на оваа тема“, вели Фода.

Австријците барале мечот да се игра во друг град, но биле одбиени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести