Голманот на Сарагоса го нокаутираше противничкиот играч (Видео)

Како се доближува крајот на сезоната, така се вжештува атмосферата како на трибините, така и на теренот, посебно кога се играат некои многу важни дуели. Еден таков меч вчера играа екипите на Хуеска и Сарагоса во шпанската Сегунда дивисион.

Двете екипи се борат за опстанок и се во зоната за испаѓање. Пред овој меч, Хуеска беше претпоследна со 33 бодови, додека Сарагоса имаше 35 на една позиција погоре. Во дуректниот дуел, Хуеска победи минимално со 1:0 и тоа со погодок од пенал.

Во финишот на средбата, голманот на гостите Естебан Андрада доби црвен картон, а потоа му „зовре крвта“. Голманот на Сарагоса со бокс директно во лицето буквално во нокаутираше капитенот на домашниот тим Пулидо. Потоа се случи уште една мешаница, а по еден црвен картон имаше на двете страни.

Esteban Andrade [Zaragoza GK] reaction after being shown a red card
by
u/ElAutistaDeHamelin in
soccer

Хуеска со оваа победа сега стигна до 36 бодови и е на 19 место на табелата, но уште е во зоната за испаѓање. Сарагоса остана на 35 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести