Речиси една третина од составот на Реал Мадрид ќе отсуствува вечерва во Барселона на гостувањето кај Еспањол.
Повреди и тактичка одлука се причината што кај Реал ќе фалат седуммина од првиот тим што е 29 проценти. Вечерва нема да бидат достапни вечерва: Куртоа, Карвахал, Милитао, Ѓулер, Себаљос, Родриго и Мбапе.
Мбапе и Куртоа се обидуваат да бидат спремни за „Ел Класико“ пртив Барселона в недела, 10-ти мај на „Камп Ноу“, но токму тој меч на еден или друг начин може да биде понижувачки за Реал. Ако Реал не победи вечерва, тогаш Барса и математички ќе ја осигура титулата и Кралевите ќе треба на лутиот ривал да му направат почесна гарда, иако најавите се дека нема да се случи тоа. Ако Реал ако победи вечерва, тогаш може да претрпи друг вид понижување, Барса со победа или реми токму на „Ел Класико“ да ја обезбеди титулата и да слави пред нивни очи.
Има и добра опција за Кралскиот клуб, но таа во моментов делува најмалку реална. Тоа е Реал да победи и вечерва против Еспањол и следната недела против Барса и да им ја расипе забавата на Каталонците и уште малку да ја одложи промоцијата на Барса во старо-нов првак на Шпанија.

